Во улицата во Метир Тидфил во Велс утринава се отворила огромна дупка поради што биле евакуирани жителите од приближно 30 куќич Дупката е длабока 15-18 метри, пишува Би-Би-Аи, а за целиот случај се известени различни надлежни служби – полицијата на Јужен Велс, Противпожарната и спасувачката служба на Јужен Велс како и советот на Мертир Тидфил.
Стивен Реган(55), кој се вселил во куќата веднаш покрај дупката пред една година, изјави дека стравува за својот дом.
„Беше многу застрашувачки, слушнавме татнеж и звук на уривање. Само сакам повторно да се вратам дома, но во моментот знаеме каква е ситуацијата. Мојот најголем страв е дека мојата куќа би можела да исчезне. Никогаш во животот немам видено нешто слично“, изјавил тој.
Локалните власти истакнаа дека безбеноста е главен приоритет и ги повикаа луѓето да се држат настрана од тоа подрачје.