Вучиќ за експлозијата кај Зубин Поток: На Косово се случи обид за жесток хибриден напад на Србија

637

Претседателот на Србија Александар Вучиќ оцени дека по вчерашната експлозија на каналот Ибар-Лепенац кај Зубин Поток на северот на Косово и Метохија, се случи обид за хибриден напад на Србија.

Вучиќ рече дека внимателно го следеле она што го соопштуваа приштинските власти и нивните меѓународни спонзори и оние кои тие ги плаќаат да ја застапуваат нивната политија и медиуми“.
Не можевме да слушнеме многу факти“, рече Вучичќ.
Вучиќ изјави дека Белград нема никаква врска со ескплозијата на каналот Ибар-Лепенац ниту на Србија, како што вели, не би ѝ паднало на ум нешто такво.
„Ние, повеќе од Приштина, ќе настојуваме на овој случај. Во Приштина во првиот бран го обвинија Белград и Срвија, дека го сторите тоа. Белград и Србија немаа никаква  претстава за тоа, ниту би ни паднало на ум да го сторите тоа“, вели Вучиќ.
Тој повтори дека Србија „нема никаква врска со овој случај“.
„Како сериозна држава не се занимаваме со обвинувања, не рековме дека „тој напад го наредил Курти“, истрагата ќе го покаже тоа. И ние спроведуваме наша истрага“, имаме сомнежи, но нема да зборуваме за тоа“. Имаме сознанија и кој би може да биде изведувачот“, рече Вучиќ.
Додаде дека Србија е „целосно отворена за секаква соработка со Еулекс“.
Исто така, тој рече дека во Белград се спроведува истрага во врска со тоа што се случило и кој е виновен за тоа.
Повеќе пати напомена дека не сака да каже дека Аљбин Курти ова лично го организирал.
Приштина за експлозијата во каналот Ибар-Лепенец обинува официјален Белград, што е српската страна го отфрли во текот на претходниот ден.