Таа објави дека доцна синоќа започнало водоснабдувањето во Јужна Митровица, Северна Митровица и Звечан.
„Водоснабдувањето на подрачјата погодени од терористичкиот напад во каналот Ибар-Лепенец се враќа во нормала. Синоќа во доцните часови почна водоснабдувањето во општините Јужна Митровица, Северна Митровица и Звечан. Водата денеска е веќе пуштена на третман во фабриките за вода во Глоговац и Орловиќ и почна редовното снабдување на граѓаните во Србица. За неколку часа се очекува нормализирање на снабдувањето за граѓаните на Глоговац, Косово Поле и Обилиќ!“, објави Ризваноли.
Нападот на водоводниот канал Ибар-Лебенец се случил во во петокот вечерта, со што се загрози снабдувањето со вода и струја за стотици илјади граѓани во неколку градови во Косово.
Приштина и меѓународната заедница настанот го карактеризираа како терористички, а косовската полиција презеде обемна акција и уапси осум лица и заплени бројни материјални докази, како и арсенал на оружје и муниција, експлозиви, разновидна опрема, вклучително и стотици униформи и воена опрема.