Силно невреме, кое често предизвикува проблеми во авиосообраќајот во Дубровник, денеска околу 11:30 часот повторно му нанесе потешкотии на пилотот на летот на Аер Лингус од Даблин.
На социјалните мрежи е објавено видео од слетувањето на авионот на аеродромот Руѓер Бошковиќ, додека силeн ветер го носеше авионот и не дозволуваше да слета.
Иако слетувањето изгледало речиси невозможно, пилотот успеал да слета без никакви проблеми по првиот неуспешен обид, јавуваат дубровничките медиуми.
Оваа ситуација не е невообичаена при слетување во услови на силно невреме, а колку пилотите се навикнати на ваквите ветрови покажува и фактот дека авионот слетал со 7 минути доцнење.