На 61-годишна возраст, денеска во сообраќајна незгода загина Живко Пејковски, поранешен пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и поранешен директор на затворот „Идризово“.
Пејковски беше пратеник во еден мандат, а потоа ја извршуваше функцијата директор на затворот „Идризово“.
Веста за неговата смрт ја потврди и неговиот син преку објава на социјалните мрежи.
Телото на Пејковски ќе биде изложено во капелата во Демир Хисар утре (сабота) во 11:00 часот, а погребот ќе биде во 13:00 часот на градските гробишта во Демир Хисар.