Вооружен грабеж во „Нептун“ во Градски парк, разбојниците се заканиле – „ако некој викне полиција сите ќе ве убиеме“

182

Вооружен грабеж се случи вечерва во продавницата за бела техника Нептун лоцирана во Градски парк. Според информациите, во 20.30 часот во продавницата влегле двајца маскирани лица со пиштоли.

Првата реченица што ја кажале била: „Вадете ги парите од касата, ако некој викне полиција сите ќе ве убиеме“. За кратко на локацијата пристигнала и полиција, која ги фатила и двете лица.

Лицето со кое разговараше ТВ21, а кое во тоа време било внатре, кажува дека двајцата маскирани луѓе се заканиле дека сите ќе ги убијат ако некој викне полиција.

Видно вознемирена за ТВ21 кажува дека 20 минути биле заглавени во продавницата.