Интернационална премиера на Фестивалот „Богородичен Покров” кој се одржува онлајн од 30 ноември до 7 декември, годинава имаат филмовите: „Утрински камбани” од Србија и Чешкиот филм „Štreit: Фотографирам, значи постојам”. Инаку, отворањето на Фестивалот е на 30 ноември, сабота, во 21.00 часот со рускиот документарен филм „Трновиот венец”, а истата вечер ќе биде прикажан и филмот „Утрински камбани”. Европскиот универзитет – Скопје, секоја година доделува бесплатно школување – четиригодишна стипендија за највредниот волонтер на Фестивалот
Деветтиот по ред Меѓународен филмски фестивал за културни, духовни и хумани
вредности – “Богородичен Покров“ кој се одржува со благослов на Архиепископот Охридски Македонски и на Јустинијана Прима г.г.Стефан, и е единствен од ваков жанр во нашата држава, годинава се одржува онлајн од 30 ноември до 7 декември. Во рамките на програмата на фестивалот се прикажуваат филмови посветени на културното, духовно наследство и хуманоста, како и историски и биографски филмови. Годинава ќе бидат прикажани 11 остварувања.
Интернационална премиера на Фестивалот “Богородичен Покров” годинава имаат “Утрински камбани” од Србија и чешкиот филм “Štreit: Фотографирам, значи постојам”.
Инаку, отворањето на Фестивалот е на 30 ноември, сабота, во 21.00 часот со рускиот документарен филм “Трновиот венец”, во кој се прикажува историјата на Трновиот венец на Спасителот – една од општохристијанските светињи поврзани со историјата на Страдањата Господови. Линк на филмот на Youtube е: https://youtu.be/K-2ZUXMn6pw.
Истиот ден ќе биде прикажан и српскиот документарен филм “Утрински камбани” (21.30), во кој тогашниот архимандрит Алексеј, а сега Eпископ хвостански на СПЦ, говори за пророштвото на о.Тадеј за манастирот “Св. апостол Лука” во Бошњане. После 20 години, во овој манастир пристигнува царската руска камбана тешка 15 тони, донација од православни браќа Руси. Линк на филмот на Youtube: https://youtu.be/woO_pZBb4R0.
Затворањето на Фестивалот е на 7 декември, во 21.00 часот, со македонскиот документарецот од Архвата на Канал 5 ТВ “Историјата на Црквата на Св.вмч. Димитриј” во Скопје. Филмот е во програмата на Фестивалот во спомен и чест, по повод 118 години од раѓањето на првиот поглавар на возобновената МПЦ-ОА, г.г.Доситеј на 7 декември 1906 година во село Маврово, во кој се прикажува неговото востоличување за Архиепископ Охридски и Македонски на 5 октомври 1958 година во храмот “Света Софија” во Охрид. Линк на филмот на Youtube:
Во рамките на програмата ќе бидат прикажани и “Плаштаницата- Лице в лице”, американски документарен филм (1.декември, 21.00 ч.). Линк на македонски на Youtube: https://youtu.be/R_GQPSEbe34, “Божикни празници и обичаи”- српски документарен филм е на 2. декември, 21.00 ч. Линк на македонски на Youtube:
Во 9.35 истата вечер е “Велигден во Хиландар” – српски документарен филм. Линк на македонски на Youtube: https://youtu.be/Ew7gAwH0gUs.
Следуваат “Свети Никола – Лицето на благоста”, романски документарен филм на 3. декември, 21 ч. Линк на македонски на Youtube: https://youtu.be/X15gIjNPB0E. На 4. декември во 21.00 ч. ќе биде прикажан “Ризата на Богородица”, руски документарен филм: https://youtu.be/j81E8NzH7ks. Истата вечер (21 часот) е српскиот документарен филм “За нашиот доктор, а писател”: https://youtu.be/u3bRBtF-xXI.
Чешкиот документарен филм “Štreit: фотографирам, значи постојам ” е на 05. декември во 21.00 ч. https://youtu.be/3-q2kNyGTiM. На 6. декември 21.00 ч.
Ќе се прикаже “Сакам да бидам светец” – руски документарен филм. Линк на македонски на Youtube:https://youtu.be/kPRQ-IqE3PU.
„Мисијата на Фестивалот е да ги негува и шири духовните вредности и да се едуцираат младите генерации во насока на духовност, љубов, добрина и хумани врдности“, велат организаторите на фестивалот.
Организацијата е на Топ Ворлд ТВ продукција од Скопје, која е основана во 1994 година, а чија определба е да негува општествено доброполезни проекти за народот. Фестивалот е основан 2016. година и досега е поддржан од 12 Амбасади во државата и бројни стопански субјекти.
Почесен Претседател на Фестивалот е проф. д-р Ѓоко Ѓорѓевски, професор на Богословски Факултет “Св.Климент Охридски” во Скопје, автор на многу трудови од доменот на богословските науки и поранешен амбасадор на Р.Македонија во Светата Столица, Ватикан.
Програмата на фестивалот, е со филмови, обезбедени со подршка на Неофит продукција и Добротворен фонд Познание од Русија, од Vision продукција од САД, Прва ТВ од Србија, Coolture продукција од Србија, Trinitas TV од Романија, Vistafilm од Чешка Република и Канал 5 ТВ од Македoнија.
Генерални покровители на Фестивалот се, традиционално, Амбасадата на Руската Федерација во Скопје, а годинава и на митрополитот Иларион /Алфеев / со 2 негови филма и Европскиот универзит – Скопје, кој секоја година доделува бесплатно школување – четиригодишна стипендија за највредниот волонтер на Фестивалот.
Весникот Вечер е исто така еден од медиумските поддржувачи на фестивалот.
Основачи на Фестивалот се покојниот Коле Јовановски, инаку монтажер во МРТ и режисер , наградуван за бројни филмови, посебно за историјата на Македонија и МПЦ-ОА и Зорица Костовска, основач и директор на Фестивалот, поранешен пом. генерален директор на МРТ, 10 – годишен член на Меѓународната Академија на Телевизиски науки и уметности во Њујорк – Еmmy Awards, ТВ и филмски продуцент, дипл. дипломат и дипл. теолог.