Кинескот претприемач Џастин Сан го исполни ветувањето и ја изеде бананата од уметничкото дело „Комедијант“ на Маурицио Каталан, која ја купи на аукција минатата недела за 6,2 милиони долари, пренесе Гардијан.
Делото „Комедијант“ првпат беше откриено во јавноста во 2019 година и веднаш стана предмет на жестоки дискусии за тоа што може да се смета за уметничко дело.
Како парче концептуална уметност, се состои од сертификат за автентичност со детални дијаграми и упатства за правилно прикажување во јавноста, а самата банана се менува на секои два до три дена.
Двапати се случило други уметници да ја искористат токму оваа инсталација за своите изведби, јадејќи го „забранетото овошје“.
За време на неговата прва изложба на изложбата Арт Базел во Мајами Бич 2019 година, уметникот Дејвид Датуна јадеше банана и ја нарече својата изведба „Гладен уметник“.
Исто така, минатата година, корејскиот студент Но Хуин-су јадеше банана за време на изложбата одржана во Сеул, а потоа уредно ја залепи кората назад на нејзиното место. Тој тогаш за локалните медиуми изјави дека работата на Кателан ја толкува како бунт против одредена власт.
Сан е сопственик на мрежата „Трон“ која овозможува тргување со криптовалути и истакна дека е фасциниран од таа работа. Тој кажа и дека изедената банана претходно била купена за 35 центи.
Продавачот на овошје и зеленчук на Шах Алам, кој ја продаде бананата, во меѓувреме се огласи и рече дека бил „шокиран“ од веста дека е продадена за шест милиони, пишува британски „Мирор“.
Алам, 74-годишен продавач од Менхетен, живее скромно и заработува 12 долари на час, па Сан решил да му се оддолжи и понудил да купи 100.000 банани од неговиот штанд и да ги подари бесплатно.
To thank Mr. Shah Alam, I’ve decided to buy 100,000 bananas from his stand in New York’s Upper East Side. These bananas will be distributed free worldwide through his stand. Show a valid ID to claim one banana, while supplies last. https://t.co/jbCnh0u3JI
— H.E. Justin Sun (@justinsuntron) November 28, 2024
Приказната на Алам беше поддржана од многумина, а анонимен донатор започна кампања „GoFundMe“ за да собере пари за него, ветувајќи дека ќе ги удвои првите 5.000 долари од донации.