Ноќна жештина на крајот на ноември во Франција: Измеренa температурa од 27 степени Целзиусови

27

Невообичаено високи температури се забележани на крајот на ноември на југозападот на Франција, а во ноќта меѓу вторник и среда биле регистрирани дури 26,9 степени Целзиусови, јавија денеска француските медиуми.

„Ова се екстремно високи температури дури и за лето, а особено невообичаени бидејќи сме на крајот на ноември“, изјави метеорологот на националната служба Метео Франс, Матје Сорел, пренесе Гардијан.

Климатолозите ја опишаа оваа ноќна жештина како феномен, а Метео Франс не можеше да потврди дали тоа е највисоката температура досега забележана на крајот на ноември, бидејќи нивните часовни мерења се направени од 1990 година, но Сорел додава дека, сепак, тоа е екстремно висока температура.