На Денот на албанското знаме се палеше и се газеше државното, македонско знаме!
Инцидентот се случи во Скопје, каде што беше блокиран центарот на градот. Според видеоснимките објавени на социјалните мрежи, во близина на трговскиот центар „Мавровка“ на Бит пазар се пукаше со огнено оружје а се гледа и како група вандали го кинат македонското државно знаме, што предизвика голем револт кај граѓаните.
На социјалниге мрежи се споделуваат видеа заедно со остри коментари.