Ричард Гир: Мојата сопруга не знаеше кој сум, мислеше дека сум Џорџ Клуни

665

Ричард Гир (75) и неговата сопруга Алехандра Силва (41) засекогаш ќе ја паметат првата средба и тоа поради урнебесна причина.

Во интервју за Elle, познатиот актер се пошегува дека неговата сопруга „немала поим“ кој е тој кога се запознале.

„Ништо. Таа не гледаше филмови, што беше одлично. Бев многу среќен поради тоа“, изјави Гир, но сопругата го прекина велејќи: „Не, почекај малку. Ричард, знаев кој си ти“.

Сепак, таа тогаш призна дека не ги гледала сите негови филмови, а Гир се пошегувал:

„Таа мислеше дека сум Џорџ Клуни“.

Неговата сопруга признала дека навистина гледала некои од неговите филмови и дека се заљубила во него поради филмот „Time Out of Mind“ од 2014 година.