Еден од најдобрите и најуспешните борци во историјата на УФЦ, Џон Џонс, ќе го одложи своето пензионирање.
Џон Џонс, веројатно најдобриот ММА борец некогаш роден, го победи Стипе Миочиќ во неговата последна борба (минатиот викенд) за да го одбрани својот појас на УФЦ во тешка категорија.
Неодамна, директорот на УФЦ, Дејна Вајт изјави дека нема да дозволи борба меѓу Џон Џонс и Алекс Переира и тогаш почнаа да кружат гласишта дека веројатно најдобриот и најкомплетниот борец на сите времиња може да се пензионира. Сепак, Џонс откри дека моментално нема такви планови.
- Моментално сум во преговори со УФЦ. Разговараме за плановите и за тоа што не очекува во иднина, а за ова време се враќам во теретана и редовно тренирам. Се чувствувам одлично, тимот ме поддржува и е целосно со мене, па ќе бидам подготвен за секоја шанса што ќе ја добијам, изјави Џонс.