Брачен пар од Штип приматели на социјална помош, переле пари преку организирање интернет коцкање

Обвинителството побара притвор

128

Брачен пар од Штип, кои примале социјална помош бидејќи се воделе како невработени, четери години переле пари со организирање на игри на среќа во својот дом. Во нелегалните дејанија им помагала и нивната ќерка и уште едно лице. Брачниот пар собрале пари и купиле комјутери по што ангажирале луѓе за користење на платформата преку која го правеле коцкањето. Ги обучувала жената која според пријавата била ,,главата,, на шемата. Нејзиниот сопруг купувал мобилни телефони и сим картички за вработените. Клиентите кои учествувале во интрнет коцкањето морало да бидат турски државјани со кои комуницирале преку апликациите Скајп и Ватсап, а ги намамувале со добар процент на заработка во криптовалута.

,,Со намера да го прикријат изворот на парите, нелегално остварените приходи што ги примале во криптовалути, потоа ги претварале во странска валута – долари или евра и ги пренесувале на “Електронски паричник“ сопственост на менувачница за размена на криптовалути. Оттаму парите ги подигнувале во готовина, помал дел ги пуштале во промет трансферирајќи ги кон странски државјани со кои немале воспоставено должничко доверителски односи, а поголемиот дел ги внесувале во легални финансиски текови, ги уплаќале на своите денарски сметки и купувале движен и недвижен имот и водејќи луксузен живот иако биле невработени и приматели на социјална помош,,-стои во соопштението на Обвинителството

Мајката,таткото и ќерката парите ги переле преку купување на автомобили, мотори, па дури и таков на четери тркала, накит. Полицијата ги заплени, а обвинителството ги заведе како материјални докази против осомничените.

,,Брачниот пар под истрага сториле кривично дело Приредување на игри на среќа без лиценца односно дозвола од надлежен орган од чл.156 ст.3 од Законот за игрите на среќа и за забавните игри во врска со член 22 од КЗ. Во прикривањето на изворот на парите учествувале и нивната ќерка и уште едно лице, тие примиле парични средства за кои биле должни и можеле да знаат дека се прибавени од казниво дело со приредување на игри на среќа преку глобална интернет мрежа и ги пуштиле во оптек набавувајќи две ПМВ. Со овие дејствија четворицата осомничени дека сториле кривично дело „Перење пари и други приноси од казниво дело“ од чл.273 од КЗ,,-објавува обвинителството.

Јавниот обвинител од судија на претходна постапка побара мерка притвор за брачниот пар, а за ќерката и нејзиниот помагател, мерки на претпазливост.(П.А)