Либанската група Хезболах соопшти дека го поразила Израел и дека нејзините борци се подготвени, откако стапи на сила прекинот на огнот меѓу двете страни.
„Победата на Семоќниот Бог беше сојузник на праведната кауза“, се вели во соопштението на Хезболах, објави „Тајмс оф Израел“.
Хезболах изјави дека неговите борци ќе останат целосно подготвени да се справат со амбициите на израелскиот непријател и неговите напади.
Договорот за прекин на огнот меѓу Израел и Хезболах, постигнат со посредство на САД и Франција, стапи на сила вчера утро во четири часот по локално време и засега се почитува.
Израелската армија повтори дека е подготвена да дејствува внатре во Либан, доколку смета дека е потребно, и соопшти дека израелската авијација ќе нападне секој што ќе се обиде да го прекрши договорот за прекин на огнот, како и дека нема да дозволи безбедност на жителите на Израел да биде загрозена, пренесува Спутник.