Еден од најпопуларните УФЦ-борачи во историјата на спортот, Ирецот Конор Мекгрегор, проговори за прв пат откако беше осуден за силување на Никита Ханд, во 2018 година.

Контроверзниот Ирец напиша на социјалната мрежа Х дека признава дека згрешил што влегол во односи со споменатата Ханд, но дека не е виновен за силување. Вели дека двајцата го сакале тоа.

Судењето траеше осум дена, при што беа изведувани докази, додека за завршните зборови беа потребни три дена.

Поротата составена од осум жени го прогласи Мекгрегор за виновен. Тој ќе мора да плати отштета од 250.000 евра, но ќе поднесе жалба.

  • Луѓето сакаат да слушнат од мене… ми требаше време. Знам дека направив грешка. Пред шест години, никогаш не требаше да одговорам на нејзините посети. Требаше да ја прекинам забавата. Никогаш не требаше да се оддалечам од жената што ја сакам најмногу на светот. Сè е до мене. Жал ми е, но сè што се случи таа вечер беше затоа што двајцата го сакавме тоа и сите присутни сведоци се заколнаа на тоа под заклетва. Го задолжив мојот правен тим да се жали за одлуката – истакна Мекгрегор.

Инаку, ова не му е првпат на Мекгрегор да се кае за стореното.

  • Не можам да се вратам назад и да одам напред. Исклучително сум им благодарен на моето семејство, пријателите и на поддржувачите ширум светот за тоа што застанаа покрај мене. Тоа е тоа. Нема повеќе. Се враќам во вежбалница – ме чека борба – заклучи контроверзниот УФЦ-борач.