Со двете победи против Унгарија во ноемврискиот квалификациски „прозорец“, селекцијата на Турција обезбеди пласман на Европското првенство на две кола пред крајот и е една од 11. репрезентации што имаат гарантиран настап на Евробаскетот следната година.
Турција чека медал на едно големо натпреварување од 2010 година, кога го освои среброто на Светското првенство, а селекторот Ергин Атаман вели дека е дојдено време за нов медал.
- Сега, кога обезбедивме пласман на ЕП, нашата цел е јасна. Има причина за нашето присуство овде. Имаме важни играчи, кои ќе се приклучат на овој список. Знам дека сите се желни да го облечат националниот дрес. Ние со нетрпение ги очекуваме, како целина, целиме кон медал на Европското првенство и, по долга пауза, заедно ќе го освоиме – истакна Атаман.