Градот Подгорица деновиве го блокираше КК Будуќност поради долгови. Поради ова, Управниот одбор одржа итен состанок. На средбата е договорено претседателот Драган Бокан да разговара со претставниците на сопствениците на клубот од Подгорица и со Владата на Црна Гора и да се обиде да најде решение за понатамошното финансирање.

Како што беше соопштено, на состанокот, членовите биле информирани за состојбата и за проблемот предизвикан од блокирањето на сметките на клубот од страна на Управата за локални приходи на главниот град, Подгорица.

Будуќност во моментов го дели второто место на табелата во АБА- лигата со Црвена звезда и со Дубаи, сите имаат скор 7:2, додека Партизан е на првото место со 9:0. Тимот од Подгорица учествува и во Еврокупот, каде што има скор 3:5.