Снукер-сезоната со досега невидена изедначеност во државното сениорско првенство се префрли и во конкуренцијата на младинците, каде што, во финалето, се сретнаа ланскиот шампион, Марко Величковски, и предизвикувачот, Теодор Величковски, инаку негов помлад брат.

Последната црна топка во третиот фрејм беше одлучувачка, а Теодор беше оној што го зададе победничкиот удар и на крајот го подигна трофејот.

Тој е петтиот младинец што станал шампион во својата конкуренција во овие пет години на организирани државни првенства. Претходно, овој наслов го освојуваа талентите како Филип Нешкоски, Блендијан Ќазими, Андреј Ѓурчиновски и Марко Величковски.