Лидерот во италијанската Серија А, тимот на Наполи, се уште мака мачи со грузискиот интернационалец Квича Кварацкелија. Челниците на Наполи веќе со месеци се обидуваат да ја продолжат соработката со крилниот напаѓач кој се уште не донел конечна одлука околу тоа дали сака да остане во „азурниот“ дрес или да прифати една од понудите кои веќе ги има добиено од најбогатите клубови во Англија и Шпанија.