Трамп понудил милиони долари за косата на непозната девојка/видео

57

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп ѝ понудил на непозната девојка да ѝ ја откупи косата и ветил дека за тоа ќе и плати „милиони долари“.

Претходно на социјалните мрежи се појави снимка од Трамп како вози количка за голф, а потоа застанува покрај црна тинејџерка со бујни кадрици и се восхитува на нејзината коса, пренесува rts.rs.

 

 

„Ми се допаѓа оваа девојка. Ми се допаѓа нејзината коса. Сакам нејзината коса. Ќе ти ја купам косата, ќе ти платам милиони“, рече Трамп.

После тоа, тој ја поканил девојката малку да седне до него во количката за голф, разменил неколку зборови со неа, се фотографирал, а потоа самиот се повлекол, пренесува британски Телеграф.

Британскиот весник наведува дека косата на Трамп, „како и многу други работи“, била предмет на некои контроверзии.

Мајкл Волф, автор на книгата „Оган и бес: Во Белата куќа на Трамп“, рече дека портокалово-русата коса на новоизбраниот претседател е оригинална, но дека Трамп направил „операција за намалување на скалпот“.

Тоа е болна процедура која вклучува повлекување на делови од скалпот со влакна и отстранување на делови од кожата без влакна.

Неодамнешниот биографски филм на Трамп „Чирак“ има сцена што ја прикажува оваа постапка. Деталите од постапката прва ги откри поранешната сопруга на Трамп, Ивана, за време на бракоразводната постапка.

Според книгата на Хари Херт Трети, „Изгубениот тајкун“, Трамп не бил задоволен од резултатите од операцијата. Се вели дека Трамп имал повеќе процедури од тогаш, трошејќи, според познатиот пластичен хирург Гери Мотики, 160.000 долари за одржување на косата.

Пластичниот хирург од Њујорк, Гери Линкоу, исто така сугерираше дека политичарот можеби претрпел најмалку пет трансплантации на коса.