Нова интернет измама: Со лажни кју-ар кодови налепени над оригиналните измамници „ловат“ пари и податоци од сметки

56

Се ближи црн петок, денот кога се е на попуст, вистински празник на шопингхоличарите, но и празник на сајбер криминалците, кои само лани извршиле повеќе од 38 милиони “фишинг” напади.

Министерството за внатрешни работи на Србија ги предупреди своите граѓани да внимаваат и да ги избегнат измамите за време на црн петок.

-Внимавајте на безбедносните протоколи. Проверете дали сајтот користи https и ssl заштита за безбеден пренос на податоци, велат од Министерството за вантрешни работи на Србија и предупоредуваат дека информациите од картичките не треба да се праќаат по  е-пошта, доверливите информации да останат на веб страницата, а не во инбокс, како и да не се испраќаат фотографии од картичката.

Советник од областа на информациските технологии  Воислав Родиќ, пак, во гостување на РТС предупредува и на нова опасност – лажни кју-ар кодови.

-Нова опасност е лажниот кју-ар код. Некој се досетил преку оригналниот код да налепи лажен кој води на сајт кој изгледа верно на оригиналот, на кој се внесуваат податоци од картичката. Можете веднаш да бидете жртва и да ви земат пари од сметката или вашите податоци може да ги продадат на таканаречен црн веб, вели Родиќ.

Тој напоменува дека треба да обрнеме внимание на веб адресата што ја посетуваме, како и на сличностите односно разликите со оригиналот.

-Читајте внимателно, буква по буква. На лажните сајтови, може да има слични логоа на банки, пошти или компании, па треба да се внимава, иако сме изморени од секојдневниот трансакциски хаос. Црн петок е ден кога голем број купувачи се изложени на „фишинг“, заклучува Родиќ.