Раперот Канје Вест не престанува да ја изненадува јавноста, а сега реши повторно да се ожени со сопругата Бјанка Ценсори. Како што пренесуваат странските медиуми, тој планира неконвенционално обновување на венчавката со неа за да и докаже на јавноста дека нивната врска е нераскинлива.
Извор за странските медиуми откри дека раперот сака да направи се за да ги демантира гласините кои кружат за распадот на нивниот брак.
„Сега не се работи само за нивната љубовна приказна, Канје сака светот да знае дека нивната врска е силна и тој не бега од факторот изненадување за да го докаже тоа“, рекол изворот.
Канје планира нетрадиционална церемонија во свој стил, а изворите тврдат дека Канје мисли дека тој и Бјанка ќе се шетаат по патеката во провокативни комбинации, толку провокативни што едвај ќе се видат. Тие ќе одат до олтарот речиси голи.
Инсајдер вели дека церемонијата ќе се одржи во новокупената палата на Канје во Беверли Хилс, вредна 55 милиони долари.
„Канје сака да ги донесе најпознатите гости од целиот свет“, открива изворот, а она што исто така се нагласува е дека неговата поранешна сопруга Ким Кардашијан нема да се најде на списокот на гости.
„Таа е згрозена од начинот на кој Канје ја покажува Бјанка и не сака нејзините деца да бидат изложени на тоа“, открива изворот.
Ким, исто така, навести дека може да ги ограничи правата на Канје да ги гледа нивните деца ако тој продолжи по овој пат.