Скопјани дишат „нездрав“ воздух! Утрово метрополата петти најзагаден град во светот

27
Фото: Ѕ.Плавевски

Скопје утрово се најде на петото место, меѓу најзагадени градови во светот. Според листата на IQAir воздухот е опасен за дишење, а индексот на загаденост е 167.

На листата на IQAir , Скопје се најде по Делхи во Индија, Багдад во Ирак, Лахоре во Пакистан, а најзагаден град во светот утрово е Сараево во Босна и Херцеговина со индекс 212.

Во моментов, според платформата, воздухот во главниот град е означен во категоријата „нездрав“.

Како главен загадувач се наведени ПМ 2,5 честичките чија концентрација е 78 микрограми на кубен метар, додека ПМ 10 честитичките се со концентрација од 84 микограми на кубен метар.

Концентрацијата на ПМ 2,5 во главниот град во моментов е речиси 15,6 пати поголема од годишната вредност на упатството за квалитетот на воздухот на Светската здравствена организација (СЗО).