Вини направи ДНК тест кој покажа дека не е од Бразил

114
epa10131196 Real Madrid's striker Vinicius Junior celebrates after scoring the 1-3 goal during the Spanish LaLiga soccer match between Celta Vigo and Real Madrid held at Balaidos Stadium, in Vigo, northern Spain, 20 August 2022. EPA-EFE/Lavandeira

Пред неколку дена во Јужна Америка беше одигран квалификацискиот дуел за СП 2026 помеѓу репрезентациите на Бразил и Уругвај, а дуелот помеѓу големите ривали заврши без победник.

Играчот за врска на шпанскиот гигант Реал (М), Феде Валверде ги доведе гостите во предност во 55. минута, а седум минути подоцна Жерсон го постигна конечниот резултат.

Пред самиот натпревар на стадионот Фонте Нова во Салвадор се случи еден интересен настан, а во главна улога беше најголемата ѕвезда во дресот на петкратниот светски шампион, Винисиус Јуниор.

Фудбалерот на шпанскиот гигант Реал (М) направил ДНК тест преку Бразилската федерација и резултатите покажуваат дека неговите предци се од Камерун.

Сертификатот му беше врачен пред почетокот на квалификацискиот дуел, а конечниот резултат е повеќе од интересна информација.

Кога ќе се земе предвид дека и најголемата ѕвезда во репрезентацијата на Франција, Килијан Мбапе е со потекло од Камерун, тогаш дефинитивно челниците во Фудбалската федерација на оваа афиканска земја имаат за што да жалат.

Кога се во прашање квалификациите во Јужна Америка за СП 2026 таму после 12. одиграни кола лидер е актуелниот светски шампион, репрезентацијата на Аргентина која има 25 бода, пет повеќе од второпласираниот Уругвај, додека селекцијата на Бразил е на 5-та позиција со 18 бода.

Шест репрезентации од Јужна Америка обезбедуваат директен пласман на СП 2026, а седмопласираната игра дополнителен бараж дуел.