Уште подобро од црвеното: Загрејте се со мирисно варено вино, ама бело – има помалку калории и повкусно е

28

И додека обично вариме црвено вино и го ароматизираме со разни адитиви, белото е донекаде занемарено – и тоа без причина, бидејќи оваа полесна варијанта има помалку калории, а напитокот е дури и повкусен.

Белото вино одлично оди со портокалот, па затоа е негов главен додаток. Секако, неизбежното каранфилче го дава тој посебен, карактеристичен мирис, додека капка бурбон е вистинско освежување во оваа варијанта, пренесува Задепна.хр.

Состојки:

1 л бело вино

Половина литар вода

Три портокали

Шеќер (количина по желба)

Лажица јаворов сируп (или шеќер)

Стапче цимет

6-8 каранфилче

Лажичка бурбон, по желба

Подготовка:

Исцедете го сокот од портокал и измешајте го со виното, па додадете ги сите останати состојки. Откако виното ќе зоврие, намалете ја топлината и варете уште 15 минути. Декорирајте по желба.