Кривична пријава за жител на Богданци, со неговото „ауди“ криумчарел 10 мигранти од Сирија

40

Поднесена е кривична пријава против 37-годишниот Д.П од Богданци поради криумчарење на мигранти.

„На 21.11.2024 на регионален пат во правец кон Неготино, пријавениот бил затекнат како со возило „ауди А6“, негова сопственост, прифатил 10 мигранти од Сирија, од кои еден малолетник. Од судија на претходна постапка, одредена е мерка притвор во траење од 30 дена“, се вели во билтенот на МВР.