Златниот ретривер Дино ги забавува и опушта патниците пред лет

544

Скопскиот аеродром има нов крзнен пријател. Се работи за одлично обученото терапевтско куче Дино. Златниот ретривер од 22 ноември е SkopjeAirportZenDog и ќе биде гостин на аеродромот секој месец.

– Додека чекате да се качите на својот лет, можете да го погалите и да си поиграте со него. Патувањето може да биде стресно и токму затоа се потрудивме да го направиме вашето патување порелаксирано – соопштија од скопскиот аеродорм.

Дино ќе биде присутен на излезите (гејтовите) и со него патниците ќе имаат можност да се забавуваат и опуштат пред нивниот лет.

– Оваа иницијатива на ТАВ Македонија е со цел создавање пријатна атмосфера на аеродромот и подобрување на искуството на патниците – потенцираат од скопскиот аеродром.