Мистеријата за смртта на киднапираното бебе во Виена: Истрагата ја откри бруталната вистина

64

Полицајците, лекарите, медицинските сестри и сите кои со денови трагаа по десетдневното бебе, кое исчезна од болницата Фаворитен во Виена, тешко се справуваат со смртта на малото девојче. Мелек, предвремено роденото бебе, била под постојана грижа на болничкиот персонал и успеала да ги преживее критичните денови, но нејзината тешка борба немала среќен крај, пренесува австриски „Кронен цајтунг“.

Новороденчето исчезна од креветчето во одделението за предвремено родени бебиња во четвртокот наутро. Теоријата за непознат киднапер брзо била отфрлена, а сомнежот паднал на нејзината мајка. Наскоро почнаа да се шират приказни за постпородилната депресија на 30-годишната жена со турско потекло.

Под притисок на полициското испрашување, мајката ги одвела детективите до жолта пластична канта за отпад надвор од болничкиот комплекс. Првата претпоставка на истражителите била дека бебето починало од студ, бидејќи ноќта ја поминала во корпа за отпадоци на ниски температури.

Резултатите од обдукцијата ја открија бруталната вистина

Сепак, обдукцијата спроведена во неделата наутро ја откри страшната вистина. Мелек беше брутално претепана до смрт, претрпувајќи тешки повреди на мозокот предизвикани од повеќе удари со тап предмет.

Полицијата заклучила дека смртта на детето не е последица на депресијата на мајката, туку е поврзана со „повредена чест“ во турскиот семеен клан. Како што се испоставило, родителите на Мелек не биле во брак, а детето очигледно било несакано во нивната заедница.

Три клучни прашања за иследниците

Каде се случило злосторството? Форензичките докази во болницата не откриле траги на убиство, па прашање е дали Мелек е убиена надвор од клиниката.

Потекло на црната пластична кеса – Бебето било завиткано во црна најлонска кеса која не се користи во болницата, што го отвора прашањето од каде потекнува.

Дали мајката дејствувала сама? Иако мајката го признала убиството, истражителите проверуваат дали некој друг од семејството бил вмешан во злосторството.

Потрагата проширена на целиот град: Бебе исчезна од породилиште во Виена