Ски-скокачот од Норвешка, Кристофен Ериксен Сундал, доживеал незгода на натпреварувањето во Лилехамер, кога бил на скокалницата, каде што се подготвувал да скокне. Имено, тој седнал на гредата и го чекал зеленото светло како сигнал за скок, но рекламната табла што била над него го турнала и предвреме го спуштила надолу. Сето ова се случило пред да биде подготвен да се спушти, но успеал да се задржи и да запише скок од 132 мести, обезбедувајќи си пласман во следната фаза од натпреварувањето.
- Да ми беше раката меѓу гредата и рекламната табла, тогаш, веројатно, ќе го скршев зглобот или рамото. Среќа што сè мина добро – истакнал Сундал по скокот.