Британската влада ангажира нов преговарач за „ресетирање“ на односите со ЕУ

115

Британската влада ќе ангажира нов преговарач за „ресетирање“ на односите со ЕУ, а како што е наведено во описот на работното место, функционерот ќе управува со владините односи и ќе ги води преговорите со Унијата за „клучните британски интереси“ како трговијата, безбедноста и границата политика, се вели во извештајот на британските медиуми денес.

Премиерот Кир Стармер вети дека ќе ги „ресетира“ односите меѓу Британија и ЕУ, а претходно изјави дека ќе се обиде да постигне подобар трговски договор од оној што го преговараше Борис Џонсон во 2020 година, објави Би-Би-Си.

Стармер, сепак, изјави дека ресетирањето нема да значи промена на одлуката за Брегзит.

Во октомври, премиерот го посети Брисел за прв пат по преземањето на функцијата, каде што беше срдечно пречекан од претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, потсетува Би-Би-Си.

Описот на работата за новата позиција беше објавен на интернет од Кабинетот на премиерот, опишувајќи ја улогата на преговарач со ЕУ како позиција од висок профил на која ќе добие значително внимание од јавноста и политичките кругови.

Овој функционер ќе биде висок личен претставник на премиерот на меѓународните собири, а како што се наведува, неговата плата ќе се движи од 153.000 до 200.000 фунти (од околу 180 до околу 240 илјади евра), пренесува Танјуг.