Во Специјалната болница за медицинска рехабилитација „Калос“ во Вела Лука на Корчула денеска се евакуирани пациенти и персонал поради излевање на опасна хемикалија во резервоар со солна киселина.
Како што информираат од Специјалната болница за медицинска рехабилитација „Калос“, при редовно одржување во базенот, во просторијата за хлорирање на водата, работник по грешка истурил натриум хипохлорит во сад со солна киселина, пренесува хрватски Индекс.
„Присутниот работник веднаш реагирал и за да се неутрализира, додал вода и херметички го затворил резервоарот и ги алармирал вработените во Специјалната болница, кои почнале со привремена евакуација на корисниците и персоналот“, соопштија од болницата.
Оттаму додаваат дека за се веднаш биле известени сите надлежни служби – Полициската управа и пожарникарите од Вела Лука, чии вработени помогнале во евакуацијата, како и Институтот за јавно здравје на Дубровничко-неретванската жупанија, Хрватскиот завод за јавно здравје и Министерство за здравство.
Сите корисници и вработени во Специјалната болница „Калос“ се чувствуваат добро, а сите надлежни служби се во постојан контакт, па во тек е нормализирање на состојбата во болницата“, заклучуваат оттаму, пренесува Танјуг.