„Чудесна“ Индија: Младич се разбудил на сопственото кремирање

87

Рохиташ Кумар (25) од Индија, кој бил прогласен за мртов, се разбудил на сопствената кремација, непосредно пред да биде кремиран, бидејќи лекарот не направил обдукција.

Кумар, кој имал проблеми со слухот и говорот, бил донесен во болница откако доживеал епилептичен напад, објави Тајмс оф Индија.

Лекарот констатирал смрт, но наместо да се изврши обдукција, телото било однесено директно во мртовечница, а потоа кремирано, според хиндуските обичаи.

Началникот на болницата рече дека лекарот го изготвил обдукцискиот извештај без реално да ја изврши обдукцијата.

Телото било испратено на кремирање, но непосредно пред да биде запалено, Кумар почнал да дише. Веднаш бил вратен во болница, но подоцна починал.

Тројца лекари се суспендирани, а полицијата започнала истрага.