Мобилизирани се околу 300 машини и 600-ини работници, кои секојдневно работат на трасата на автопатот на кој е започнато со зимско асфалтирање, активност што се применува за прв пат по 50 години. За министерот за транспорт и врски, Александар Николоски, за да се надминат проблемите, техничките услови со асфалтирањето, морало да се направат промени во Законот за изградба на автопатот Кичево – Охрид.

– Со асфалтирање во зимски услови и на температури под нулата, сакаме да се забрза изградбата и да ги достигнеме роковите што си ги зададовме. Тоа е до почетокот на летната сезона да пуштиме за сообраќај околу 40 километри од Врбјани до Охрид, со еден мал прекин кај Ботун, а до крајот на 2026 година да го изградиме целиот автопат – потенцираше Николоски  

За да се забра изградбата на автопатот Кичево – Охрид, на терен веќе се врши зимско асфалтирање, активност што се применува за прв пат по 50 години. За министерот за транспорт и врски, Александар Николоски, за да се надминат проблемите, техничките услови со асфалтирањето, морало да се направат промени во Законот за изградба на автопатот Кичево –Охрид.

Рече дека е направена мобилизација на работниците и на машините и дека со тоа се создале услови да се асфалтира и на температури под нулата.

– Ова е мое прво појавување на овој проект. Ветивме работа, а помалку да зборуваме. Ги решаваме проблемите со автопатот и веќе ги забележуваме резултатите. Правиме историска работа за Охрид и за целиот регион. Имаме голема мобилизација за изградба на автопатот, и тоа со околу 300 машини и со околу 600 вработени, кои секојдневно работат на трасата. Со асфалтирање во зимски услови и на температури под нулата, сакаме да се забрза изградбата и да ги достигнеме роковите што си ги зададовме. Тоа е до почетокот на летната сезона да пуштиме за сообраќај околу 40 километри од Врбјани до Охрид, со еден мал прекин кај Ботун, а до крајот на 2026 година да го изградиме целиот автопат – потенцираше Николоски. 

 

Министерот најави дека во преткфалификација е изборот на изведувач за делницата Кичево –Букојчани и очекува пролет да знае кој ќе биде изведувачот.

– Потоа тој автопат ќе се надоврзе на автопатот што интензивно започна да се гради, а тоа е од Гостивар до Букојчани и понатаму од Гостивар до Тетово, така што граѓаните од Охрид и од регионот ќе добијат нов модерен автопат од Охрид до Скопје. Исто така, по целата траса ќе има и алтернативен пат – изјави Николоски.

Исто така, најави дека ќе се започне и со реконструкција на превојот Пресека.

Директорот на ЈП за Државни патишта, Коце Трајановски, истакна дека интензивно се работи на санација на косините и на завршување на експропријацијата на трасата на автопатот.

– Работиме со силен интензитет да ги санираме косините што се појавени на потегот од Кичево до Врбјани, бидејќи со текот на времето тие биле подложни на многу природни услови. Исто така, работиме и на завршување на експропријацијата. Со измени на Законот, благодарение на министерот Николоски ја сменивме формулата за асфалтирање и со тоа овозможуваме зимско асфалтирање, нешто што не се правело изминативе педесетина години. Наследивме огромни проблеми, но макотрпно работиме да ги решаваме ден по еден и очекувам дека до крајот на 2026 година ќе го завршиме овој автопат – изјави Трајановски.

Активно се работи на автопатиштата што ги работи „Бехтел и Енка“, се работи на новата делница од Кичево кон Гостивар, односно до Букојчани, а до селото Црвец е направен проектот и се прави евалуација на претквалификацијата. Истовремено се проектира и патот од Црвец до Букојчани, проектирање што треба да заврши во февруари 2025 година. Во тек се и преговори Македонија да биде поврзана со Албанија со тунел.

Се прави и студија за исплатливоста на скапата делница Скопје – Блаце на која има повеќе тунели и вијадукти, а тендерската постапка би требало да биде објавена во април или во мај наредната година. Трајановски најави дека Кавадарци, Ресен и Битола, конечно, ќе добијат обиколници.

(С.Бл.)