Путин потпиша нов закон: Ќе им ги прости сите долгови!

213
EPA-EFE/GAVRIIL GRIGOROV

Рускиот претседател Владимир Путин потпиша закон за простување на долговите на воените регрути кои ќе се пријават да се борат во Украина, објави руската влада. Законот предвидува простување на долгови до 10 милиони рубљи (95.835 долари) на секој што ќе потпише договор со Министерството за одбрана и ќе се согласи да оди да се бори во Украина во период од најмалку една година, почнувајќи од 1 декември.

Законот се однесува на сите потенцијални регрути против кои е започнато извршување пред 1 декември.

Русија го поттикнува регрутирањето на војската нудејќи доста големи суми пари, во некои случаи и неколку пати повисоки од просечната плата. Оваа тактика ѝ овозможи на армијата да ги зголеми своите воени сили, притоа избегнувајќи уште еден круг на општа мобилизација, што во септември 2022 година предизвика масовен егзодус на населението од Русија.

Податоците на централната банка покажуваат дека Русите позајмуваат повеќе откако Кремљ нареди десетици илјади војници да се борат во Украина во 2022 година, дури и откако централната банка ја зголеми основната каматна стапка на 21 отсто во октомври.