Холивуд е полн со контроверзни приказни, а иако некои од нив не се откриваат денес, оние тие кои се откриени се повеќе од загрижувачки. Од навидум инцестуозни врски до оние со малолетни девојчиња, подолу се приказните кои се сметаат за едни од најконтроверзните во Холивуд.
Еден од најпознатите и најконтроверзните случаи ги вклучува познатиот режисер Вуди Ален (88) и Сун-Ји Превин. Ален беше во долгогодишна врска со актерката Миа Фароу, која ја посвои Сун-Ји со тогашниот сопруг Андреа Превин. Иако Ален не беше посвоен татко на Сун-Ји, нивната врска предизвика огромен скандал бидејќи Ален беше татковска фигура во нејзиниот живот. Ален и Сун-Ји подоцна се венчаа и се во брак и денес.
Вилмер Валдерама и Деми Ловато
Тогаш 29-годишниот Вилмер Валдерама бил во врска со малолетната Деми Ловато (32) која тогаш имала 17 години. Нивната разлика во години го привлече медиумското внимание, а парот остана заедно неколку години.
Пол Вокер и Јасмин Пилчард-Госнел
Починатиот актер Пол Вокер, познат по франшизата „Брзи и бесни“, бил во врска со Јасмин Пилчард-Госнел кога таа имала 16, а тој 33. Нивната врска наиде на критики поради разликата во години и малолетноста на Јасмин на почетокот на врската.
Елвис Присли и Присила Присли
Покојниот американски пејач Елвис Присли ја запознал Присила Болие во Германија кога таа имала 14 години, а тој во доцните дваесетти. Присила се преселила кај него во Грејсленд по неколку години, а парот се венчал кога Присила имала 21 година.
Џери Сајнфелд и Шошана Лонштајн
Актерот и комичар Џери Сајнфелд (70) имал 38 години кога започнал врска со Шошана Лонштајн, која тогаш имала 17 години. Врската наиде на критики во јавноста, но парот остана заедно неколку години пред да се разделат.