Кокаин, оргии, проблеми со законот: Кои се најпознатите српски старлети!

168

Ако некогаш сте го сакале српскиот треш, тогаш ќе ви понудиме вистинско уживање. Србија со години брмчи за жени кои се на нашата листа, но не затоа што освоиле некаква награда, снимиле мегахит или добиле улога во американска серија – овие девојки се познати само затоа што се …познати.

Старлетата Маја Маринковиќ и беше претставена на јавноста, исто како и другите хероини од нашата приказна, во реално шоу. Во Задругата се пријавила кога имала само 21 година, а ако ги споредиме нејзините фотографии од „почетокот на кариерата“ и денес, разликата е повеќе од очигледна. Таа остана запаметена како девојка која имала врски пред камерите со неколку различни мажи, како жена која бесрамно спиела со оженет маж, но и со сопругот на нејзината најдобра пријателка. Имено, пред неколку дена беше објавено видео на кое јасно се гледа како во базен се бакнува со сопругот на нејзината најдобра пријателка Александра Суботиќ, а следеше и медиумска војна. Како и да е, Маја Маринковиќ е една од најплатените ријалити ѕвезди на денешницата, а нејзиниот месечен хонорар наводно изнесува дури десет илјади евра.

Сè се враќа, се се плаќа, барем така тврди Маја Маринковиќ кога зборуваме за следната старлета од нашата листа – Александра Суботиќ. Како што веќе наведовме, Александра остана (барем одредено време) без сопруг откако во јавноста протече видео од таткото на нејзиното дете како ја бакнува Маја, а само неколку часа по инцидентот таа се обрати на својата публика и откри како си го уништи животот фаталната старлета. Александра, исто како и Маја, е искусен риалити играч на кој не му е непозната прељубата, тепачките и проблемите. Станува збор за девојка која имала само 15 години кога останала бремена, верувале или не, со партнерот на нејзината мајка, познатиот бодибилдер Љуба Пантовиќ.

 

 

Ако ја следите српската треш сцена, тогаш сигурно сте слушнале за аферата „Тијана Ајфон и 26 полначи“. Станува збор за жена која се прослави во реалното шоу „Парови“, но за разлика од Александра и Маја кои се уште градат ријалити кариера, Тијана се сврте на другата страна на законот. Српските медиуми со години пишуваа дека атрактивната црнка се занимава со проституција, а на почетокот на 2021 година беше осудена на една година затвор откако наводно признала дека организирала забава до Бјелина, поточно оргија со кокаин. Тијана потоа илегално влегла во БиХ со уште две девојки од Белград, а српските медиуми пишуваат дека на луда веселба давале сексуални услуги за 500 евра. Помина еден месец во притвор, а подоцна во интервјуата се пофали дека сите ја гледаат како „кралица на затворот“.