Уапсен маж поради бизарна опсесија!

81

Маж од Грција (28) доби условна затворска казна од еден месец од судот откако било констатирано дека подолго време ги вознемирувал своите соседи прикраднувајќи се по нивните дворови и влегувајќи во нивните куќи со необична цел да ги душка чевлите.

Обвинетиот пред судот призна дека не може да го објасни своето чудно однесување и дека тоа го довело во ситуација поради која е длабоко засрамен. Тој нагласи дека не му била намера да го прекрши законот или да повреди некого. Иако неговото однесување предизвикало непријатност и страв кај соседите, тие потврдиле дека не покажувал никакви агресивни намери.

Мажот беше уапсен на 8 октомври во малиот град Синдос, кој се наоѓа на околу 15 километри западно од Солун. Апсењето дошло откако соседот го пронашол во неговиот двор, каде мажот душкал чевли оставени надвор за да се проветрат.

Во текот на судењето, судот откри дека ова е само еден од неколкуте слични инциденти што се случиле во последните шест месеци. Иако соседите побарале од неговото семејство да го спречи, чудното однесување продолжило.

Покрај едномесечната затворска казна, на мажот му било наредено и редовно да посетува терапевт.