Аморим ја брка скапо купената ѕвезда на Манчестер Јунајтед

397

Португалецот Рубен Аморим, новото лице на клупата на Манчестер Јунајтед, веднаш почна да го чисти тимот.  Трофејниот стручњак со себе носи импресивен тренерски успех од Спортинг, каде што постигна забележителни резултати во последните сезони.

Посебно внимание привлече со неодамнешната победа над Манчестер Сити во Лигата на шампионите, со резултат 4:1, која одекна низ фудбалската јавност.

Познат по својот сериозен пристап, Аморим е решен веднаш да остави свој белег во тимот на „црвените ѓаволи“.

Според информациите на познатиот портал „Calciomercato“, Португалецот веќе го направи првиот храбар потег.

Имено, тој на трансфер листата го стави младиот напаѓач  Џошуа Зиркзи, предизвикувајќи прилично изненадување на „Олд Трафорд“.

Репрезентативецот на Холандија летово пристигна на „Олд Трафорд“ за неверојатни 40 милиони евра. Но големото засилување од Болоња очигледно не ги исполнува критериумите на Аморим.

Одлуката Зиркзе да ги напушти „црвените ѓаволи“ може да значи и враќање на напаѓачот во Италија, веќе во јануари. „Calciomercato“ наведува дека интерес за овој Холанѓанец веќе покажуваат неколку италијански клубови.

Во прв план е Јувентус кој е под водство на Тиаго Мота, тренер кој веќе соработувал со Зиркзе. Странските медиуми блиски до Јунајтед откриваат дека Аморим има цврст став кога се во прашање играчи кои не одговараат на неговата визија.

Навивачите на „црвените ѓаволи“ со нетрпение го очекуваат дебито на Аморим и неговите први чекори во водењето на тимот. Португалецот, сепак, очигледно нема намера да чека, туку веднаш воведува промени. Неговиот стил на работа воодушеви многу фанови на Спортинг, а сега ќе има можност да ја покаже истата одлучност и во Премиер лигата.