Денеска Украина побара од своите западни сојузници системи за противракетна одбрана од најновата генерација.
Ваквиот повик на претседателот на Украина, Володимир Зеленски, уследи откако областа на градот Днипро во таа земја беше погодена од хиперсонична балистичка ракета истрелана од Русија.
Ракетата не носел нуклеарни боеви глави туку конвенционални експлозиви, но има способност да носи шест такви боеви глави.
„Украинскиот министер за одбрана веќе разговара со нашите партнери за новите системи за противракетна одбрана – токму оние системи кои можат да ги заштитат животите наспроти новите ризици“, рече Зеленски во видео пораката објавена на социјалните мрежи.