ЕВРОПА ПОДЕЛЕНА: Јасно е видлива позицијата на земјите во однос на конфликтот на Блискиот Исток

696

Реакциите на владите на европските земји на одлуката на Меѓународниот кривичен суд да издаде налози за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, уште еднаш истакна колку е навистина поделена Европа во врска со ситуацијата што се случува на Блискиот Исток.

Меѓународниот кривичен суд во четвртокот издаде налози за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, поранешниот министер за одбрана Јоав Галант и командантот на Хамас, Мохамед Деиф.

Ирска
Ирскиот премиер Сајмон Харис рече дека тоа е „исклучително значаен чекор“, иако беше внимателен да зборува дипломатски, тој беше јасен во неговата осуда на израелската војна во Газа и Либан.

– Владата на Ирска одамна ја изразува својата длабока загриженост за водењето на војната во Газа и јасно изрази уверување дека не се почитувани правилата на меѓународното право и меѓународното хуманитарно право – се наведува во неговата изјава.

Чешка

На другата страна е Чешка, која важи за еден од најголемите поддржувачи на Израел, а министерот за надворешни работи Јан Липевски, јасно го покажа своето незадоволство кога се во прашање издадените наредби.

– Не ми изгледа правилно да се стави терорист и некој што ја брани својата земја од нив на исто ниво. Тоа го поткопува и кредибилитетот на судот – напиша Липевски на социјалните мрежи.

Обединетите нации
МКС ги обвинува израелските водачи за злосторства против човештвото и предизвикување глад.

ОН велат дека конфликтот предизвикал „ужасно човечко страдање“ и проценува дека од нападот врз Израел на 7 октомври се убиени повеќе од 45.000 луѓе, вклучувајќи 43.000 Палестинци и најмалку 1.200 Израелци.

Командантот на Хамас, Мохамед Деиф, е обвинет за воени злосторства, вклучувајќи убиства, мачење и силување, но ИД го прогласи за мртов.

Германија

Според Канал 4, Германија „гази по јајца“ затоа што се обидела да најде златна средина.

Медиумите пишуваат дека Германија е еден од најголемите поддржувачи на Меѓународниот кривичен суд, но истовремено „подава рака на Израел“.

– Последица на германската историја е тоа што имаме уникатни односи и голема одговорност кон Израел – изјави портпаролот на канцеларот Шолц, Штефен Хебстрајт, мислејќи на Втората светска војна и холокаустот.

Унгарија

Шефот на Европската унија за надворешни работи рече дека реално сите земји-членки на ЕУ се принудени да ја почитуваат одлуката на Меѓународниот кривичен суд.
– Тоа не е политичка одлука, тоа е одлука на суд, суд на правдата. Оваа одлука е обврзувачка одлука за сите држави. Сите земји-членки на судот, во кој се вклучени сите членки на Европската унија, се должни да ја спроведат оваа судска одлука – изјави Жозеп Борел.

Теоретски, Нетанјаху и Галант сега не можат да стапнат во Европа без страв од апсење.

Сепак, унгарскиот премиер Виктор Орбан му понудил на Нетанјаху безбеден премин, како што пренесуваат медиумите.

– Наредбата на МКС за апсење на премиерот Нетанјаху е дрска, цинична и целосно неприфатлива. Го поканив премиерот Нетанјаху во официјална посета на Унгарија, каде ќе му ја гарантираме слободата и безбедноста – рече тој.

Адвокатот за човекови права и поранешен судија за воени злосторства на ОН, Џефри Робертсон, изјави за Канал 4 дека секој член на МКС ќе се соочи со протерување доколку ги засолни Нетанјаху или Галант.

– Судот не е овластен да суди во отсуство. Мора да го стават на обвинителна клупа… Нетанјаху би можел да се држи настрана – рече тој.

Јавни дебати за Израел
Ова е втор пат оваа недела европските земји јавно да дебатираат за Израел, а Борел во понеделникот ги принуди министрите за надворешни работи да разговараат дали дејствијата на Израел може да се протолкуваат како кршење на клаузулата за човекови права во трговскиот договор на ЕУ со Израел.

Со месеци Шпанија и Ирска се залагаат ЕУ да ги искористи условите од трговскиот договор за да го принуди Израел да ја прифати одговорноста, но ако се стави на дневен ред на состанокот на министрите за надворешни работи во Брисел ќе налути многумина.

Еден дипломат рече дека тоа е „лошо подготвен“ план и потег да се „даде изјава“ во последните денови на функцијата на Борел.

ЕУ е најголемиот трговски партнер на Израел, проценет во милијарди, но на ЕУ ќе и треба едногласна поддршка од сите земји-членки за да суспендира кој било аспект од овој договор.

Постојаната поделба го ослабна одговорот на ЕУ на израелската војна на Блискиот исток, а лидерите на ЕУ го повикаа Израел да го почитува меѓународното хуманитарно право, дури и кога станува збор за одбраната.