Само неколку минути и состојките што ги имате во кујната ќе бидат доволни за да го спречите ширењето на болкa во грлото.
Повеќето респираторни заболувања резултираат со воспалено и болно грло. Често, дури и пред (и често после) појава на симптоми како треска, главоболка и болки во телото, грлото продолжува да гребе.
За надразнето грло има многу совети, меѓу кои мед, чаеви, пастили за грло, гаргарање разни билки, соли… Но, уште еден нема да боли.
Нутриционистот Мати Харингтон го сподели на Тик Ток својот пијалок за зајакнување на имунитетот кој помага да се смири болките во грлото.
– Пред некое утро се разбудив со болно грло, не целосно болен, но грлото дефинитивно мe гребеше. „За среќа, бев кај моите родители и мајка ми ми рече да го направам овој мал велнес пијалок, чија клучна состојка е каранфилчето“, рече Мати.
Во видеото таа сподели инструкции како да се направи овој едноставен, но ефикасен напиток, за кој се потребни само три состојки, за да се ослободи од воспаленото грло:
- 2-3 см ѓумбир исечкајте гo на парчиња и ставете во шолја
- додадете стапче цимет
- вметнете 4 до 6 каранфилчиња
- додадете топла вода и оставете да отстои 10 минути
- процедете го пијалокот
Каранфилчето е ултимативен зајакнувач на имунитетот и има антивирусно дејство.
Каранфилчето содржи еугенол, кој е ефикасен против штетни бактерии, габи и вируси. Имаат антифунгално, антисептично и аналгетско дејство. Каранфилчето содржи и витамин Ц, витамин К, манган и диетални влакна.
Важно: Иако овој лек за грло и кашлица е природен начин за ублажување на симптомите, важно е да се нагласи дека не е замена за медицинска помош.