Судијата му дозволи на Трамп да бара отфрлање на кривичниот предмет за тајна исплата на пари

95

Судија на Окружниот суд на Менхетен во Њујорк денеска му даде дозвола на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп да бара отфрлање на кривичната предмет против него за тајни плаќања на порно актерката Сторми Даниелс, откако тој победи на изборите на 5 ноември.

Канцеларијата на окружниот обвинител на Менхетен во вторникот соопшти дека се согласува да ја одложи пресудата против Трамп во случајот против него поради тајните плаќања на Сторми Даниелс во замена за нејзиниот молк за нивната наводна афера.

Обвинителството вели дека изрекувањето на пресудата се одложува за обвинителите да имаат време да го разгледаат очекуваниот предлог на Трамп за отфрлање на случајот, објави Си-ен-ен.