СИЛНО НЕВРЕМЕ ВО БИТОЛА: Ветрот откорна покрив од зграда кој падна врз автомобил и го уништи/ФОТО

308

Силен ветар во Битола откорна покрив од зграда кој падна врз автомобил и значително го оштети. Граѓаните вознемирани ги предупредуваа соседите да внимаваат и да не минуваат покрај зградата на улицата „Леринска“. Засега нема информации за повредени лица, но направена е материјална штета. Исто така, ветрот урна и ограда со која беше заштитен градежен плац каде се гради зграда во старата битолска Касарна.

На својот Фејсбук профил метеорологот Славчо Попоски објави фотографии од материјалната штета предизвикана од невремето во Битола.

Од УХМР инфомираат дека ветрот има југоисточен правец и на моменти достигнува брзина од над 65 километри на час, а се очекува негово засилување во попладневните часови кога ќе го менува и правецот на движење од југоисточен во северен.

Намалување на интензитетот на ветрот се најавува во текот на ноќта.