За влакно избегната тепачка – Апасиев со собраниски слушалки гаѓаше колега од ВМРО ДПМНЕ

Непарламентарно однесување во македонскиот парламент

1172

Неславно започна првата седница наменета за пратенички прашања од опозицијата поставени до премиерот, министрите и државните функционери. На седницата која претставува нова деловничка алатка, за малку ќе дојдеше до физичка пресметка помеѓу лидерот на “Левица“ Димитар Апасиев и пратеникот од ВМРО ДПМНЕ Зоранчо Јованчев. Почнаа да си дофрлаат навреди и псовки, а во еден момент Апасиев замавна со слушалките и се обиде да иницира тепачка. Се насобраа пратеници и ги раздвоија “закрвените“ пратеници, а спикерот Африм Гаши го повика обезбедувањето да интервенира. Гаши даде пауза со цел да се смират страстите. Се започна по жестоката расправа меѓу координаторите на пратеничките групи на ВМРО-ДПМНЕ и Левица, Никола Мицевски и Борислав Крмов, а недоразбирањето настана кога најавеното прашање за министерот за надворешни Тимчо Муцунски, пратеникот  Реџеп Исмаил го пренасочи за премиерот Христијан Мицкосвки. Прашањето се однесуваше на назначувањето на Радмила Шеќеринска за заменик генерален секретар на НАТО. По паузата имаше време само за процедурални прашања и тоа за назначувањето на Шеќеринска.

Пратеникот на Левица Крмов го толкуваше членот од Деловникот со кој се предвидува присуството на Владата. Според него задолжително е присуството на Првемиерот и неговата Влада и тие како опозиција не мора да најавуваат за кого се однесува прашањето, иако во случајот го сториле тоа. На ова спикерот Гаши рече дека идејата на новата алатка била да се постават прашања од опозицијата надвор од редовните седници за пратенички прашања и оти зборот задолжително се однесува за оние министри до кои е адресирано пратеничкото прашање.

„Се објаснив на координација и немаше потреба од ова“ им се обрати на пратениците Гаши. Процедурално од говорница координаторот на пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ Мицевски рече дека поентата на овие пленарни седници била да дојдат министрите до кои е поставено прашањето од опозицијата. Со тоа што Премиерот денеска бил овде покажувале како Влада дека се транспарентни. Единствено Мицковски одговори на поставеното прашање од Левица бидејќи немаше време за повеќе, а се однесуваше на назначувањето на Шеќеринска за заменик генерален секретар на НАТО. ,, Со Радмила Шеќеринска имаме стратешки различни гледишта, но јас ќе го поддржам секој македоснки граѓанин кој гордо ја преставува земјата надвор, рече Мицковски и повика на национално единство за вакви работи. Пратеникот од Левица Исмаили, не беше задоволен од одговорот бидејќи како што рече од национален предавник Шеќеринска ја добива поддршката од Мицковски.

Во претходниот пратенички состав, пратеникот од Левица Борислав Крмов, му го искрши мониторот од компјутерот на тогашниот спикер Горан Мисовски, фрлаше со чаши, а во расфрлувањето со амандмани му се придружи и Апасиев. (П.А)