По 25 дена во бегство во Србија уапсен убиецот на братот и сестрата од Бело Поле

660

Шеесет и петгодишниот Алија Балијагиќ, осомничен за двојното убиство на братот и сестрата Јован и Миленка Маџгаљ, кај Бело Поле во Црна Гора, вчера изутрина беше уапсен во Србија, недалеку од градот Прибој.

Овој случај на жителите на регионот им стана познат по тоа што полицијата не успеа да го фати Балијагиќ цели 25 дена.

Тој е повеќе пати осудуван криминалец, кој во август излегол од затвор каде што бил од ноември 2015 година, поради силување на седумдесет и шестгодишна жена и кражба.