Урсула фон Дер Лајен спаси патник во авион за Брисел

69

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, спасувала живот на патник во авион на компанијата „Свисер“ кој летал од Цирих до Брисел. Патникот имал сериозни здравствени проблеми, и му се слошило во авионот.

Претседателката Фон дер Лајен, инаку лекарка по професија, се јавила на повикот од екипажот која во такви ситуации прашува дали има некој доктор во авионот да помогне.

Таа му пружила прва помош, додека швајцарскиот авион слетал во Брисел, од каде бил преземен патникот и пренесен во болница.

Портпаролката на Европската унија потврдила за „Билд“ дека Фон дер Лајен пружила помош на патник кому му се слошило во авион.