Феликс се гали и се радува на човечки допир

248

Кроткото бездомно куче кое што повеќе од 20 пати беше ѕверски удирано по главата од вработен во фирма во Момин Поток, откако беше однесено во ЈП „Лајка“ закрепнува.

-Посилен од 20 удари со метална шипка, срце на јунак и покрај монструозното насилство кое го доживеа, Феликс  се гали, се радува на човечки допир и ни верува дека сме тука за да му помогнеме. Се надеваме дека полека излегуваме од критичната фаза, иако постојано е под терапии заради оток на главата, потрес на мозок и неконтролирано мокрење. Важно е дека е свесен и респонзивен – соопштија од ЈП „Лајка“.