Договорот на првиот човек на Формула 1, Стефано Доменикали, истекува на крајот од актуелната сезона и, според бројни медиуми, Италијанецот ќе биде пренасочен во Мото ГП шампионатот.
Во меѓувреме, „Либерти медија“ ги прошири своите операции со купувањето мнозински удел во Мото ГП шампионатот, па затоа оваа одлука и не е така изненадувачка.
Ова сценарио остава празно место на врвот од Формула 1 и сè уште не се знае кој би можел да го наследи Доменикали. Информацијата сè уште не е официјално потврдена, но веќе се шират шпекулации за можните кандидати.
Преселбата на Доменикали во Мото ГП би бил огромен удар за Формула 1, со оглед на неговиот придонес до ден-денес.
Под негово водство, Формула 1 помина низ значителни промени и модернизирање, кои привлекоа нова публика.