Превезени 9,43 милиони патници со автобуси во трето тримесечие

15

Според податоците на Државниот завод за статистика, во третото тримесечје од 2024 година, вкупно 9,43 милиони патници се превезени во патничкиот патен превоз, што за 6,9 % помалку во однос на истиот период од претходната година. Според видот на превозот, бројот на превезените патници е намален во градскиот превоз за 7,4 % и изнесувал 4,7 милион, а во приградскиот превоз за 10,4 % или 3,7 милиони, додека во меѓуградскиот превоз е зголемен за 13,2 %, а во меѓународниот превоз за 2,7 %.

Во третото тримесечје од 2024 година, во однос на истиот период од 2023 година, вкупниот број патнички километри во патниот патнички превоз е зголемен за 8.9%. Според видот на превозот, бројот на патничките километри во градскиот превоз е зголемен за 17,3 %, во приградскиот превоз е намален за 1,3 %, во меѓуградскиот превоз е зголемен за 7,4 %, а во меѓународниот превоз зголемувањето изнесува 10,8 %.

Во меѓуградскиот превоз во третото тримесечие биле превезени 848 илјади патници од кои 453 илјади во редовниот превоз, 354 илјади се превезени ученици и работници, а само 16 илјади биле превезени патници во организирани екскурзии или шопинг тури.