Русија ја нападна Украина со интерконтинентална балистичка ракета!

877

Украинската војска ја обвини Русија за лансирање на интерконтинентална балистичка ракета ICBM за време на нападот во четвртокот врз градот Днипро.

-Интерконтинентална балистичка ракета е лансирана од Астраханската област на Руската Федерација – се наведува во соопштението на украинското воздухопловство.

Во соопштението не е прецизирано за каков тип на интерконтинентална балистичка ракета се работи, а CNN не може да го потврди тврдењето.

На социјалните мрежи се појавија видеа на кои наводно се гледа ударот на руската ракета ICMB. Автентичноста на снимката не е потврдена.

Украинската војска соопшти и дека балистичката ракета X-47M2 Dagger била лансирана заедно со седум крстосувачки ракети во нападот на Днипро.

„Нападот вклучуваше ICBM лансиран од рускиот регион Астрахан, аеробалистичка ракета Kh-47M2 истрелана од авион МиГ-31К во регионот Тамбов и седум крстосувачки ракети Kh-101 лансирани од бомбардери Ту-95МС во близина на регионот Волгоград“, се вели во соопштението на „Киев пост“.

Се наведува дека се соборени сите крстосувачки ракети.